Светската изложба EXPO 2020 DUBAI најверојатно ќе биде одложена за една година

31.03.2020
Светската изложба EXPO 2020 DUBAI најверојатно ќе биде одложена за една година
Главната тема на Експо 2020 Дубаи „Поврзување умови, креирање на иднината“ е симбол на иновации и напредок. Главната идеја е дизајнирана да ја одрази визијата за напредок и развој заснована на заедничка цел, посветеност и соработка.


Според вчерашната изјава, „организаторите и учесниците на управните комитети на Експо 2020 ја испитуваат можноста за одложување на настанот за една година поради глобалната пандемија COVID-19“. Организаторите на ЕКСПО 2020 во Дубаи продолжуваат да ја проценуваат ситуацијата и тесно соработуваат со сите засегнати страни, како и со организаторот на Бирото за меѓународни изложби (BIE). Сепак, само Генералното собрание на BIE може да донесе конечна одлука за одложување .


Expo 2020 Dubai ќе биде првата светска изложба што ќе се одржи во регионот на Блискиот Исток, Африка и Азија и прва во арапскиот свет. Поради спектакуларните прослави на Златната годишнина, 50-годишнината од основањето на Обединетите Арапски Емирати, се очекува да се разликува од претходните светски изложби. Организаторите очекуваат просечно 25 милиони посетители да ја посетат изложбата. Повеќе од 200 учесници, 180 земји, како и мултинационални компании, образовни институции и невладини организации планираат да учествуваат на изложбата.

Ние продолжуваме да ја следиме ситуацијата.

< br />

Извор: GLOBALEXPO, 31.3.2020