Бојата на виното од оваа сорта е црно-виолетова. Аромата на виното има ноти на црни рибизли и шумски плодови. Во вината од добар гроздобер, можеме да најдеме и примеси на темно чоколадо или тутун. Вкусот на виното е моќен, полн, богат со пријатни танини и киселини.
Вино и храна: Каберне вината совршено ги надополнуваат јадењата со месо, особено говедските стекови и шницлите. Одлични се во комбинација со еленски грб или дански медалјони.